Ти-Џеј Шортс имаше уште една фантастична сезона што беше препорака македонскиот репрезентативец да добие бројни понуди. Откако ја отфрли опцијата за преселба во НБА, Шортс е решемн да остане во Евролигата, а негов нов клуб речиси сигурно ќе биде Панатинаикос.
Бројни специјалицирани кошаркарски портали денеска информираат дека последната рунда преговори завршила крајно позитивно, при што Шортс начелно ја прифатил понудата да го облече дресот на ПАО. Соработката ќе биде за најмалку две години, а се очекува платата да изнесува над два милиони евра годишно, пет пати повеќе од она што 27-годишниот Шортс го заработуваше во Париз.
Шортс собра бројни индивидуални признанија во последните години, сезонава конечно дебитираше во Евролигата, каде оствари извонредни бројки од 19 поени и 7,3 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

