Ти-Џеј Шортс е пред трансфер во Париз

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Џи-Џеј Шортс летово ќе ги промени клупските бои, па по одличните настапи во дресот на Телеком Бон ќе се пресели во таборот на францускиот прволигаш Париз.

Пресуден беше фактот дека доскорешниот тренер на Бон, Томас Исало, го презеде кормилото на Париз, а прва желба на младиот стратег беше токму ангажманот на Бон, желба што челниците на францускиот клуб успеаја да ја исполнат. Заедно со Шортс во тимот на Париз се сели уште еден кошаркар на Телеком Бон, Леон Крафтер, а разделбата од овие кошаркари ја потврди и првиот човек на германскиот вицепрвак, Волфганг Вилдлих.

„За жал, уште пред повеќе од еден месец стана јасно дека ќе ја платиме цената за освојувањето на пехарот во Лигата на Шампионите. Тој успех ја крена цената на нашиот тренер и клучните кошаркари, кои добија одлични понуди и решија да си заминат. Им посакуваме многу среќа“, изјави Вилдлих.

Шортс беше избран за МВП на Лигата на Шампионите на ФИБА, интерес за македонскиот репрезентативец искажаа и неколку тимови од Евролигата, но тој од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на Париз, клуб што почнува амбициозен проект со надеж дека за неколку години би можел дури и да добие вајлд-карта за место во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...