Париз го загуби и вториот меч во низа од стартот на Евролигата откако по голема битка беше поразен од Олимпија Милано, уште еден дуел на кој блескаше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, но неговиот тим не успеа да стигне до победата.
Шортс во првото коло против Црвена Звезда имаше 16 поени и 4 асистенции со три украдени топки, со Милано стигна до 17 поени и осум асистенции, собирајќи ги комплиментите на својот тренер Тијаго Сплитер.
„Ти-Џеј е ѕвер на теренот, еден од најталентираните плејмејкери што некогаш не сум ги видел во животот. Ја познава играта, извонредно ги чита ситуациите, може да дава кошеви, да додава, да биде лидер… Тој може даправи се на теренот, и сето тоа го прави на највисоко ниво. Она што најмногу ми се допаѓа – кај Ти-Џеј како да не постои разлика кој е на другата страна, тој секогаш ја игра својата игра, и тоа многу успешно“, изјави Сплитер по поразот во Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА