Ти-Џеј Шортс го урна Реал Мадрид, Париз се пласираше во плеј-офот!

Кошаркарите на Париз и натаму го живеат својот сон во дебитантската сезона во Евролигата. Францускиот тим предводен од одличниот Ти-Џеј Шортс, го урна големиот Реал Мадрид и тоа на гостински терен со 73-81.

Со исклучок на третиот период кој го загубија, гостинските кошаркари успеаја со одлична игра во текот на целиот меч да дојдат до голема победа, и да си закажат меч со Фенербахче во плеј-офот.

Шортс постигна 11 поени, со пет асистенции, исто како и неговиот соиграч Хифи кој имаше 11 поени. Кампацо кај Реал Мадрид беше најефикасен со осум поени.

Се вчитува...