Ти-Џеј Шортс и Париз поразени од Фенербахче во првиот меч од четвртфиналната пресметка во Евролигата

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс и неговиот Париз загубија во првиот натпревар од четвртфиналето во Евролигата на гостувањето против Фенербахче во Истанбул.

Фенербахче триумфираше со 83-78 во драматичен меч, и со предност од 1-0 ја почнува серијата во битката за место на Фајнлфор.

Париз одлично го почна мечот добивајќи ја првата четвртина со 18-22, но домашните брзо се вратија во вториот период кој го добија со 31-20 и заминаа со предност од седум поени на полувремето.

Но, во второто полувреме поагресивна игра на Французите па натпреварот се доведе до неизвесна завршница која на крајот беше одлучена во драматична последна минута. Ти-Џеј Шортс не погоди на 25 секунди пред крајот за израмнување, па на десет секунди Фенербахче погодија за предност од 83-78.

Болдвин со 15 поени беше најдобар кај Фенербахче, а кај Париз се издвоија Нифи со 21 поен и Ворд со 19 поени. Македонскиот репрезентативец Ти-џеј Шортс мечот го заврши со 17 поени и седум асистенции.

Се вчитува...