Натурализираниот македонски кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс не баш најдобро ја почна својата авантура во грчкиот великан Панатинаикос.
Тој нема да патува со соиграчите во Австралија откако поради вирусна инфекција морал итно да биде хоспитализиран во една од болницте во Атина. Засега од грчкиот великан нема информација за каква точно инфекција се работи, но дел од медиумите пренесуваат дека ситуацијата не е нималку наивна па тој ќе мора да остане во болница.
Панатинаикос во понеделник патува за Австралија, а првиот меч на турнејата ќе го одигра на 18. септември против Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

