Ти-Џеј Шортс најдобар кај Париз, но Монако се избори за мајсторка за трофејот во Франција

Монако го победи Париз со 80-74 во четвртиот натпревар од финалната серија за титулата во Франција, па се избори за мајсторка која ќе се игра на 22 јуни во Париз.

Тимот на Василис Спанулис со тоа се приближи на еден чекор до тоа да стане шампион на Франција, третпат по ред. Ова беше втора победа на Монако по ред, откако парижаните поведоа со 2-0 со две победи на домашен терен.

Се чинеше дека гостите можеби ќе успеат да ја завршат работата денеска, бидејќи водеа во добар дел од натпреварот, дури и во четвртата четвртина, но серијата на домашниот тим од 11-0 на почетокот на последната четвртина го сврте натпреварот во нивна корист.

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше најдобар кај Париз со 13 поени, пет скока и шест асистенции. Кевариус Хејс постигна 12 поени, а Надир Хифи 11 поени.

Најдобар стрелец за победниците беше Ели Окобо со 20 поени, а Метју Стразел со 19 и Алфа Дијало со 13 поени исто така имаа двоцифрен број поени. Мајк Џејмс не играше, бидејќи претходно беше суспендиран.

Се вчитува...