Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс и неговиот Париз загубија по драматичен пресврт од Жалгирис во 29. коло од Евролигата.
Жалгирис победи со 83-81 и покрај тоа што на полувремето имаше негатива од 16 поени (31-47). Но со одлично второ полувреме Литванците дојдоа до триумф.
Ти Џеј Шортс беше убедливо најдобар поединец на мечот со 21 поен, четири асистенции и два скока, но не можеше се сам за да го спаси францускиот тим од пораз. Најдобар кај Жалгирис беше Браздеикис со 16 постигнати поени.
Црвена Звезда, пак, продолжува со негативната серија порази, и трет по ред. „Црвено-белите“ овој пат пред своите навивачи загубија од Милано со 80-82, во мечот во кој во италијанскиот тим поради повреда го немаше Ненад Димитријевиќ.
Милано до победата беше предводен од Никола Миротиќ со 19 поени, седум скока и две асистенции, а Никола Калиниќ со 12 поени и осум скока беше најдобар кај Црвена Звезда, но направи грешка во последниот напад за домашните со што Црвена Звезда и дефинитивно го загуби натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

