Реал Мадрид ја продолжува битката за влез во ТОП 6 во Евролигата која ќе се одлучува во последното коло, откако во претпоследното коло во супер драматичен меч триумфираше против Париз со 105-104.
„Кралевите“ имаа негатива од шест поени на влезот од последната четвртина од мечот, но успеаја со одлично одигра последен период со пресврт да дојдат до толку посакуваната победа.
Хрватот Марио Хезоња одигра извонреден меч со 26 поени водејќи го Реал до победата, а на Париз не му помогна ниту македонскиот репрезентативец Ти-џеј Шорт кој заврши со „дабл-дабл“ ефект од 24 поени и 10 асистенции.
Во последното коло Реал Мадрид на гостувањето против Партизан во Белград ќе се надева на триумф и можност за место во Топ 6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА