Македонскиот кошаркар Ти-Џеј Шортс беше клучен играч за Париз во победата над Баерн Минхен во 27. коло во Евролигата. Македонскиот плејмејкер постигна 27 поени, и беше најефикасен во победничкиот тим кој на крајот го доби натпреварот со 93-88.
Париз уште по првата четвртина покажа дека има сериозна намера да го добие натпреварот, откако ја доби првата четвртина со 23-15, а на полувреме замина со +9. Баерн се обиде да се врати во третиот период, но предноста беше недостижна.
Иако стигна во еден миг до три поени разлика, сепак, секогаш се појавуваше Шортс и другарите да направат разлика, и да не му дозволат на германскиот тим да направи пресврт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА