Ти Џеј Шортс одбра каде има најдобра атмосфера во Евролигата: Тие навивачи се луди…

Кошаркарот на Париз, Ти Џеј Шортс на поткаст одбра каде има најдобра атмосфера во Евролигата. Тој смета дека најлуда атмосфера има во Атина, кога како домаќин игра Панатинаикос.

Интересно, не го смести Партизан во својот избор, а Црвена Звезда го смести на втората позиција на оваа листа.

„Четврто место Жалгирис, трето Фенербахче. Тој натпреварот што го игравме во Истанбул, публиката не беше среќна поради судењето. Првпат слушав луѓе во близина на теренот како викаат, кажуваат некои работи, тоа обично не го слушам, но ова не можеше а да не се чуе. На второ место ќе кажам Белград, Црвена Звезда ќе ја одберам. Кога игравме против Партизан, салата беше преполна, но таму имаше ден на жалост, и не пееја. На прво место е Панатинаикос. Салата енова, иако не сум фан на ЛЕД терен, но фановите се навистина луди“, рече Шортс.

Се вчитува...