Ти-џеј Шортс оди во Партизан, како замена за повредениот Карлик Џонс!

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс би можел да заврши на позајмица во редовите на белградски Партизан, како земана за повредениот Карлик Џонс.

Шортс во моментов е кошаркар на Панатинаикос, иако со ограничена минутажа во тимот. Сепак, и покрај тоа, тренерот Атаман и сопственикот Јанакопулос истакнаа дека Американецот со македонски пасош не е достапен за позајмица.

Но, како што пренесуваат грчките медиуми, одличните односи кои Јанакопулос и Панатинаикос ги имаат со легендарниот Жељко Обрадовиќ, би можеле фундаментално да ја променат таквата ситуација. Без сомнение, Шортс би бил идеална опција за српскиот шампион, со оглед на тоа што е во своите најдобри играчки години и има богато искуство во европската кошарка. Неговата ограничена минутажа во Панатинаикос е одлична шанса за Партизан, но и за Шортс да добие поголема улога.

Доколку не се успее со позајмицата на Шортс, втора опција за Партизан, како што пишуваат и грчките и српските медиуми, би бил Ник Калатес.

Се вчитува...