Македонскиот кошаркарски репрезентативец, член на француски Париз, Ти Џеј Шортс е прогласен за МВП на 32. коло во Евролигата, објавено е на официјалната веб-страница на натпреварувањето.
Шорц забележа 20 поени, 14 асистенции и девет скока за 30 минути во победата на Париз над Панатинаикос од 98-101.
Тој имаше индекс на корисност 36 и со тоа по четврти пат ја освои наградата за најдобар играч на колото во најквалитетното европско клупско натпреварување.
Кошаркарот на Олимпија Милан, Никола Миротиќ постигна индекс 32, откако забележа 28 поени и девет скока во поразот од Барселона (98-88). Кендрик Нун од Панатинаикос, пак, имаше индекс 31 против Париз со 22 поени, девет асистенции и осум скока.
Кошаркарите на Виртус, Торнике Шенгелија и Илија Брајант забележаа индекс 28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА