Ти-Џеј Шортс повторно МВП на германското првенство (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс по четврти пат е избран за најкорисен играч на германското првенство. Бекот овој пат го предводеше Бон до победа над Олденбург реализирајќи 30 поени при реализаиција од 92 отсто од поле (6/6 за два поени и 5/6 за три поени). Згора на тоа додаде и 7 асистенции, 3 украдени топки и 3 скокови за индекс на користност од 42.

На крилна на натурализираниот Македонец Бон ја завзема втората позиција во силното првенство со скор од 14 победи и само два порази.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by easyCredit BBL (@easycreditbbl)

Се вчитува...