Ти-Џеј Шортс со златни букви се запиша во историјата на Лигата на Шампиони (ВИДЕО)

Новиот македонски репрезентативец Ти-Џеј Шортс продолжува со одличните настапи во сезоната. Плејмејкерот вчера го предводеше неговиот Бон до третата победа во ФИБА Лигата на Шампиони издвојувана против грчки АЕК на домашен терен, а овој натпревар го вивна Македонецот во историјата на првенството.

Неговото име со златни букви ќе биде забележано како првиот играч кој успеал да постигна 25 или повеќе поени на четири натпревари едно по друго. Со тоа го престигна сегашниот кошаркар на Партизан, Кевин Пантер кој во шест сезони поминати во престижното натпреварување успеа да забележи само три вакви натпревари.

 

Се вчитува...