Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс е најзаслужен за третата победа на Париз во серијата против Монако, и титула во францускиот шампионат. Американецот со македонски пасош со неверојатни 27 поени во мајсторката успеа да му донесе прва историска титула.
Во последниот меч Париз триумфираше со 96-91, и така со вкупни 3-2 успеа да дојде до првиот шампионски трофеј во историјата.
Ова веројатно ќе биде последен настап за Шортс во Париз, затоа што најверојатно ќе се пресели во некој поголем клуб, а голема е веројатноста и идната сезона да го гледаме во Евролигата, каде што сезонава беше еден од најдобрите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

