Јирген Клоп си заминува од Ливерпул, но тоа не е единственото заминување. Засега потврдени се заминувањата на двајцата искусни играчи, Жоел Матип и Тиаго Алкантара.
И на двајцата им истекува договорот на крајот на сезоната во која немаа голема минутажа и овој епилог можеше да се наѕира. Матип оваа сезона одигра само 14 натпревари за Ливерпул поради тешка повреда на вкрстените лигаменти. Кога му служеше здравјето, беше столб на одбраната на гигантот од „Енфилд“ од 2016 до 2022 година. Последните две сезони, сепак, повеќе беше во втор план, а имаше и сериозни проблеми со повредите.
Повредите се практично синоним за Тиаго Алкантара. Играчот од средниот ред со префинета техника дојде во 2020 година од Баерн како големо засилување, но одигра само 98 натпревари и постигна само три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА