Каталонските медиуми пишуваат дека Барселона сериозно размислува да го врати Тиаго Алкантара, кој потекнува токму од школата „Ла Масија“.
Алкантара се мачи со повредите, а со доаѓањето на Собослаи и Мекалистер дефинитивно го загуби местото на стартер. Алкантара има договор до јуни 2024 година, би можел следното лето како слободен агент.
Алкантара ја напушти Барселона во 2013 година, кога Пеп Гвардиола го зема во Баерн Минхен, и тоа за само 25 милиони евра, колку што тогаш изнесуваше клаузулата. Шпанецот стана легенда на Баерн, додека со Ливерпул ја освои Премиерлигата, ФА Купот и Лига Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

