Италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза се наоѓа на излезна врата од Јувентус, откако новиот тренер Тиаго Мота наводно не го вклучил во списокот на играчи за следната сезона.
Договорот на Киеза со Јувентус е на уште една година, меѓутоа голема е веројатноста да дојде до разделба, откако Мота им соопштил на челниците дека не смета на него во иднина.
Јувентус е подготвен да го продаде крилниот играч за 25 милиони евра плус бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА