Тибо Куртоа: Благодарение на моите одбрани Реал го победи Интер

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, по натпреварот кој го доби неговиот тим против Интер со 1-0 во Лигата на шампионите, ја истакна својата улога во постигнувањето на позитивниот резултат. Во 89. минута од средбата Реал Мадрид додје до победа со голот на Родриго на асистенција на Камавинга.

Куртоа не беше воопшто скромен, па потенцираше дека одбраната на Реал донела победа на „кралевите“.

„Остваривме одличен резултат против силен противник. Моите одбрани беа одлучувачки, но ова е она што се очекува од мене во Реал Мадрид. За време на паузата, разговаравме многу едни со други и со тренерот, а второто полувреме помина малку подобро. Можеби Интер заслужи повеќе, нивните шанси беа поопасни“, изјави Тибо Куртоа, за прес-службата на УЕФА.

Во второто коло од групата Д од Лигата на шампионите на 28 септември, Реал Мадрид ќе го пречека молдавскиот Шериф, кој сензационално го совлада Шахтјор со резултат 2-0, додека Интер ќе игра на гости кај Шахтјор Доњецк.

Се вчитува...