Големи проблеми за Реал Мадрид пред стартот на новата сезона во шпанската Ла лига. Голманот Тибо Куртоа на утринскиот тренинг на „кралевите“ ги скинал вкрстените лигаменти на левото колено. Тој со солзи во очите го напуштил тренингот на најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите.
Се очекуваат детални лекарски прегледи, но за очекување е одличниот белгиски голман да отсуства од терените седум до осум месеци, што значи дека ќе ја пропушти скоро целата клупска сезона.
Куртоа е еден од најдобрите голмани во светот, а беше главен виновник за освојувањето на Лигата на шампионите на Реал Мадрид во сезоната 2021/2022.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

