Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа е успешно опериран по повредата на вкрстените лигаменти на левото колено.
Во соопштението на „кралевите“ се наведува дека белгискиот голман е опериран од докторот Мануел Лејес, па во следните неколку денови ќе го почне и процесот на рехабилитација. Од Реал не наведуваат колку ќе отсуствува од терените, но се претпоставува дека тоа ќе биде најмалку шест месеци.
Реал има проблем со повредите на играчите. Арда Гулер е опериран во понеделникот по повредата на менискусот на десното колено. Бразилецот Едер Милитао ќе мора на операција на левото колено, откако се повреди минатиот викенд на мечот со Атлетико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

