Њујорк никс го отпушти тренерот Том Тибодо, една година откако го продолжи договорот со него, и тоа ќе ги чини многу.
Откако беа елиминирани од Индијана пејсерс во финалето на Истокот, Никс решија да се разделат со главниот тренер.
Поради тој потег, Никс се обврзани да му платат на Тибодо 30 милиони долари гарантирани за тригодишно продолжување на договорот.
Тибодо ги предводеше Никс до нивното прво источно финале од 2000 година. Тој ја заврши сезоната со 51 победа и 31 пораз и го обезбеди третото место пред плејофот во НБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

