„Тие летаа орли против нас и требаше да бидат нокаутирани, сега нека му ја мислат од Србија“

Поранешниот српски репрезентативец Здравко Кузмановиќ, кој е роден во Швајцарија, го очекува емотивен меч меѓу Србија и Швајцарија, кој ќе го реши пласманот во осминафиналето на Мундијалот.

На Србија и треба победа, а Камерун да не го победи Бразил во исто време. Пред четири години, Швајцарија на Мундијалот ја победи Србија со 2-1, со головите на Гранит Џака и Ѓердан Шаќири. Фудбалерите со албанско потекло ги прославија головите покажувајќи „двоглав орел“.

„Истакнувањето на симболот на двоглавиот орел беше срамно, еднаставно беше тажно. Спортот и политиката мора да се разделат, а вашите момци не го направија тоа. Да бев српски играч на тој Мундијал, веројатно ќе ги нокаутирав или Џака или Шаќири. Искрено да ви кажам, Швајцарците треба да бидат подготвени на се, Србија нема што да загуби. Не знам дали ќе издржат коските, но пред четири години сите провокации дојдоа од швајцарска страна. Тој двоглав орел не беше производ на емоции, се планираше цело време. Не можеме да заборавиме што се случи во Русија. Ако провоцирате, треба да очекувате тоа да одекне на теренот. Има убава изрека: „Со секого двапати во животот се среќаваш““, изјави Кузмановиќ. 

Натпреварот меѓу Швајцарија и Србија ќе се игра во петок со почеток во 20 часот.

Се вчитува...