Американскиот тенисер Френсис Тиефо се пласираше во првата гранд-слем полуфинале, откако вечерва во четвртфиналето на УС опен го совлада Русинот, Андреј Рубљов со максимални 3-0, по сетови 7-6, 7-6 и 6-4.
Во првите два сета немаше ниту еден брејк од тенисерите, па само поради тоа што Американецот беше посконцентриран во тај-брејкот стигна до водство од 2-0. Во последниот сет доволен беше еден брејк за негово освојување од 6-4.
Во полуфиналето Тиефо ќе игра со подобриот од мечот меѓу Јаник Синер од Италија и Шпанецот, Карлос Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

