Тиелеманс одбива преговори за нов договор, Роџерс вели дека е очекувано

Јури Тиелеманс одбива преговори за продолжување на соработката со Лестер и веќе ова лето се очекува да ја промени средината. Белгиецот има договор со „лисицте“ до 2023 година, а за неговите услуги се заинтересирани неколку европски гиганти само на „Островот“ како Арсенал, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

На оваа тема говореше и тренерот на Лестер, Брендон Роџерс кој вели дека е свесен за тоа што претставува неговиот клуб во Премиерлигата и дека мора да биде подготвен за заминуања.

„Работите ги гледам реално. Бидејќи наскоро му истекува договорот прилично сум сигурен дека има клубови кои го следат. Се знае што претставува Лестер во англискиот фудбал. Луѓето постојано прашуваат дали можеме да ги задржиме нашите најдобри играчи во следните шест или седум години, но реалноста е дека кога еден играч игра навистина добро за клубот, ќе сака потоа да направи трансфер. За нас е само важно да бидеме спремни на тоа“, вели Роџерс.

Во претходните сезони од Лестер заминаа голем број на играчи како Хари Мегвер кој направи трансфер вреден 87 милиони евра во Манчестер Јунајтед, Ријад Марез кој за 67 милиони премина во Манчестер Сити, како и Бен Чилвел и Нголо Канте кои за 50, односно 35 милиони го засилија Челси.

Се вчитува...