Енди Мареј повторно остана без финале на турнирите на земјена подлога откако првиот светски рекет попладнево загуби во полуфиналето во Барселона од Доминик Тием со 1-2 во сетови. Британецот играше променливо во текот на целиот турнир, а одличниот австриски тенисер знаеше како да го казни тоа, да ги искористи шансите што му се укажаа и да стигне до билет за финалето.
Многу слично како на вчерашното четвртфиналето со Винолас Рамос, Мареј повторно одигра катастрофално во првиот сет што Тием го доби со убедливи 6-2. Британскиот тенисер возврати во вториот сет, но во клучните моменти Мареј загуби на самодоверба, па во третиот сет при резултат 4-5 го загуби сопствениот сервис, со самото тоа и мечот.
Тием за противник во големото финале најверојатно ќе го има Рафаел Надал, кој е огромен фаворит во полуфиналната пресметка со Цебалос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА