Тиери Анри гостуваше во Сараево: Бев на ќебапи, ми се допаѓа и фолк-музиката

Тиери Анри има успешен почеток како селектор на младинската репрезентација на Франција, откако легендарниот голгетер веднаш влезе во победнички ритам со големите надежи на францускиот фудбал.

Тој беше во фокусот на вниманието на последното гостување во БиХ, уште повеќе ако се знае дека Анри е оженет за Андреа Рајачиќ, која е родена во Сараево.

„Бев да ги видам родителите на сопругата, седевме и јадевме ќебапи, тоа е традиција овде. Ја познавам културата на живот во БиХ и максимално ја почитувам. Искрено, многу ми се допаѓа и фолк-музиката, не знам да играм на неа, но мелодиите се фантастични“, изјави Тиери Анри.

Се вчитува...