Тиери Анри ќе биде нов тренер на Елмас, ако се врати во Лајпциг!?

Легендарниот Тиери Анри се очекува да го преземе кормилото на германски Лајпциг од следната сезона, пренесуваат германските медиуми.

Легендата на францускиот фудбал веќе имал разговори со Јирген Клоп, човекот кој е одговорен за фудбалските операции на сите клубови под раководство на Ред Бул, а Анри е едно од имињата за кои сериозно се размислува, заедно и со актуелниот тренер на Кристал Палас, Оливер Гласнер, кој веќе работеше под системот на Ред Бул, во екипата на Салцбург, како спортски координатор.

Анри би бил тренер на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој од јуни треба да се врати во Лајпциг по позајмицата во Торино. Иако и италијанскиот тим сега покажува отворена желба да го задржи во своите редови.

Се вчитува...