Навивчите на Челси незадоволни од ремито на нивиот тим против Барнли понудија да му платат авионски билет на Маурисио Сари во еден правец кон Италија откако подржувачите на Наполи со транспарент побраа тој да се врти на клупата на италијанскиот тим.
Сари имаше одлични три сезони во Наполи, а минатото лето направи трансфер во Челси. Неговата работа наиде на неодобрување кај голем дел на навивачите на лондонски клуб, а реакциите се засилја по понедленичкиот нерешен резултат против Барнли.
Челси пропушти прилика со победа над Барнли да се пробие на третата позиција на табелата пред Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА