Тифозите во екстаза: Луис Хамилтон ја освои првата пол-позицијата во боите на Ферари

Спринт квалификациите за Големата награда на Кина во Формула 1 донесoa многу возбудувања, а Луис Хамилтон успеа да се издвои на врвот по фантастичен последен круг.

Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата за спринт-трката во Кина, победувајќи го Макс Верстапен за само 0,018 секунди. Оскар Пјасти заврши на третото место, следен од Шарл Леклер и Ландо Норис.

Завршниот дел од квалификациите за спринт (SQ3) започна без пауза, а возачите на Мекларен влегоа како главни фаворити. Тие први поставија времиња, а Пјасти ја надмина границата од 1:31.000 и го надмина Норис. Набргу потоа Џорџ Расел успеа да ја раздели двојката на Мекларен и се искачи на второто место.

На две минути пред крајот Хамилтон тргна во својот прв и единствен брз круг во SQ3 и беше најбрз во првиот сектор. Зад него беше и Леклер, но Норис го избриша времето на Хамилтон во првиот сектор. Сепак, Хамилтон беше најбрз во вториот сектор и успеа да се искачи на врвот. Леклер заврши две десетинки побавно и се искачи на третото место.

Ландо Норис во тој момент се откажа од својот брз круг, а единствениот возач кој остана на патеката беше Макс Верстапен. Актуелниот светски шампион до самиот крај се бореше за првото место, но на крајот му недостасуваа само 0,018 секунди до пол-позицијата.

Хамилтон на тој начин ја освои првата стартна позиција за спринт, втор е Верстапен, додека зад нив се Пјастре, Леклерк и Норис.

Спринт трката е закажана за утре наутро од 04 часот по средноевропско време.

Се вчитува...