Ерменскиот интернационалец Тигран Барсегјан потпиша нов двегодишен договор со македонскиот првак Вардар, обврзувајќи се да го носи „црвено-црниот“ дрес до 2019 година. Тој и во наредниот период треба да биде една од главните алки во нападот на тимот на Гоце Седлоски.
„За мене е чест што сум сум дел од Вардар, екипа во која што се работи максимално професионално и во која условите за работа и за напредок се одлични. Тука сме како една фамилија, функцинираме сите како еден, и среќен сум што ќе останам во Вардар и во следните две години. Веќе една година сум дел од оваа екипа, која што ќе ми остане во вечно сеќавање бидејќи тоа беше мојата прва титула со Вардар. Благодарност до раководството, до стручниот штаб и до соиграчите за целата поддршка во текот на изминатата сезона, и јас ќе дадам се од себе и следните сезони да бидат со освоени титули. Посакувам да има уште многу победи, шампионски и Куп пехари, и, секако, успеси во Европа. Јас како и сите други со нетрпение ги очекуваме натпреварите од Лигата на шампионите. Ни останува само добро да се подготвиме за тој предизвик, и убеден сум дека секој ќе даде се од себе Вардар да направи успех и на меѓународна сцена. Се надевам дека тоа ќе биде ова лето и сите заедно да испишеме една успешна страница во историјата на клубот“, изјави Барсегјан, за официјалниот сајт на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА