Пијаст Гливице приреди големо изненадување откако вечерва во третото коло од полското првенство како гостин ја совлада Легија, меч во кој човек на одлука беше македонскиот репрезентативец Тихо Костадинов.
Реззултатот по првите 45 минути гласеше 1-1, а на семафорот стоеше се до финишот кога домаќините не расчистија во шеснаесетникот по еден аут од десната страна, топката стигна до Костадинов, кој мајсторки биеше под гредата и им донесе огромна радост на малубројните гостински навивачи на стадионот во Варшава.
Погодокот на македонскиот репрезентативец на гостувањето против Легија можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА