Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихимор Костадинов реши да ги смени клупските бои за вториот дел од сезоната, откако не ја доби шансата што ја заслужува во чешкиот прволигаш Сигма Оломуц.
Костадинов ќе остане во чешкиот шампионат, но во следните пет месеци ќе ги брани боите на Словачко, тим каде што македонскиот фудбалер за врска очекува да има далеку поголема минутажа отколку во довчерашниот клуб. Костадинов дојде во Чешка по неколкуте години минати во полскиот Пијаст, a трансферот во Словачко е јасен знак дека Македонецот сака да се докаже во оваа лига.
Словачко моментноо се наоѓа на 15. место на табелата во чешкиот шампионат, а Костадинов е еден од тројцата нови фудбалери донесени пред крајот на преодниот рок кои треба да бидат од голема помош во битките за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

