Македонскиот репрезентативец Тихо Костадинов по пауза од цели 18 месеци, по тешката повреда која ја заработи во април 2022 година, конечно се врати на фудбалските терени.
Костадинов се врати во дресот на полскиот Пјаст Гливице на пријателскиот натпревар против Катовице кој заврши без победник (2-2).
Македонскиот фудбалер во игра влезе во 72. минута од средбата на местото на Шчепански.
„Се чувствувам навистина прекрасно што по толку време ги одиграв првите фудбалски минути. Се надевам и верувам дека наскоро повторно ќе бидам во посакуваната натпреварувачка форма“ – изјави Костадионов по мечот за Пјаст Гливице.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

