Македонскиот репрезентативец, Тихомир Костадинов својата кариера ја продолжува во чешкиот прволигаш Сигма Оломуц.
Костадинов, се разделува со Пиаст Гливице, и сега се сели во тимот од Чешка која ова лето ќе настапува во европските купови.
„Како што објавивме, бараме засилувања за секоја линија. Тихомир Костадинов е релативно искусен играч од средниот ред, докажан и во меѓународниот фудбал во рамките на репрезентацијата и полската лига. Веруваме дека тој ќе ни биде од голема корист“ – рече спортскиот директор на Сигма, Ладислав Минар,по потпишувањето на договорот со Костадинов.
„Решив да се приклучам на Сигма затоа што мислам дека дефинитивно е чекор напред за мене. Чешката лига е една од 10-те најдобри лиги во Европа, па затоа ќе биде добар предизвик за мене. Се сретнав со спортскиот директор и тренерот и имав многу позитивен разговор. Имам многу пријатели кои играле и сè уште играат во чешката лига. Сите ми кажаа дека е висококвалитетна, што е нов предизвик за мене“ – рече Костадинов на промоцијата.
Костадинов е стандарден македонски репрезентативец оправдувајќи ја максимално довербата на Благоја Милевски, кај кого има стандардни повици. Претходно во кариерата, покрај за Пиаст Гливице, настапуваше и за Тетекс и за Ружомберок во словачкиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

