Тихо Костадинов со трансфер во Чешка: Ова ми е чекор напред во кариерата

Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихо Костадинов денеска го комплетираше новиот трансфер во кариерата, откако реши по заминувањето од полскиот прволигаш Пијаст Гливице да змаине во шампионатот на Чешка.

Сигма Оломуц ќе биде нов клуб на 29-годишниот македонскиот фудбалер за врска, со кој денеска и официјално потпиша договор.

„Решив да дојдам во Сигма, верувам дека ова е значаен чекор напред за мене и мојата кариера. Чешката лига е во Топ 10 во фудбалска Европа, ова е значаен предизвик, се сретнав со спортскиот директор и веднаш ми се роди желба да дојдам во Сигма. Имам многу пријатели кои играле порано или се уште играат во Чешка, ми имаат кажано дека ова е квалитетна игра во која се инсистира на брз фудбал, едвај чекам да почнам со настапите за новиот клуб“, изјави Костадинов за клупската веб-страница на чешкиот прволигаш.

Се вчитува...