Одличен ден барем на голгетерски план имаат македонските интернационалци ширум Европа. Откако Ќамили и Адеми стрелаа за своите тимови Сондерјиске и Динамо Загреб, денеска во листата на стрелци се запиша и Тихомир Костадинов.
Македонскиот репрезентативец беше дел од тимот на неговиот Пјаст Гливице кој во првото коло од националниот куп на Полска славеше по изведување на пенали против Хутник Краков.
Репрезентативецот беше стрелец на вториот гол за неговиот тим за 0-2 во 40. минута. Гостите до крајот на 90 минути израмнија на 2-2, додека по 120 минути игра резултатот изнесуваше 3-3. Во пенал рулетот Пјаст беше подобар со 3-5 за пласман понатаму.
Hutnik Kraków 0-2 Piast Gliwice – Tihomir Kostadinov 40' (Polish Cup / round of 64)
byu/4gjdtokurwa insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА