Поранешниот фудбалер на Барселона, Тијаго Алкантара се враќа во тимот после повеќе од една година како дел од стручниот тим на тимот. Тој би требало да му помага на Ханс Флик, улога која ја извршуваше и лани, но си замина после само две месеци. Сега одново ќе биде дел од стручниот штаб.
Алкантара во играчката кариера играше за „Каталонците“ најпрво во младинските категории, а потоа и во сениорска конкуренција од 2005 до 2013. Потоа замина во Баерн Минхен, а играше и во Ливерпул, по што ја заврши кариерата.
На Флик моментално помошници се Маркус Сорг, Тони Тапаловиќ, Хајко Вестерман и Арнау Бланко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

