Бразилецот со италијански пасош, Тијаго Мота, го продолжи договорот со францускиот клуб Пари Сен Жермен, за уште една сезона, а потоа и ќе ја заврши својата активна кариера. По ова, тој ќе отпочне и со тренерска кариера во редовите на ПСЖ, и ќе преземе селекција од академијата на клубот.
Тијаго Мота дојде во редовите на ПСЖ во 2012 година од Интер, и во последните пет сезони освои четири шампионски трофеи, четири пехари во Суперкупот на Фрабција, четири пехари од Лига купот на Франција и три трофеи во Купот на оваа земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА