Тијаго Силва за разделбата со ПСЖ: За осум години заедно заслужив тронка почит

Тијаго Силва пристигна во ПСЖ во 2012 и ги постави темелите за доминацијата на клубот која трае до ден денес. Бразилецот одигра повеќе од 200 дуели за „Светците“ и со капитенската лента на раката ги наполни витрините, притоа освојувајќи повеќе од 20 трофеи.

Пред две и пол години Бразилецот говореше како сака да ја заврши својата кариреа на „Паркот на Принцевите“, но раководството на клубот имаше други планови. Проценката дека повеќе не може да допринесе за клубот резултираше со дозвола да го напушти составот по истекот на договорот, а за целата ситуација сега проговоре и самиот Силва, кој смета дека за осум години поминати во клубот, заслужил барем тронка почит.

„Никогаш ништо не ми понудија, не ни рекоа барем ‘Тијаго дали би прифатил за едно евро да останеш со нас?’. Апсолутно ништо, што е многу потресно, но постои и нешто полошо од тоа. Во сред пандемија имаа три месеци да испланираат опростување, но ништо не направија. Човече, па не бев таму една сезона или неколку месеци, тоа беше осумгодишен период во кој бев капитен и кренав голем број на трофеи за клубот. Заслужив многу повеќе почит. Исто беше и со Кавани. И покрај тоа благодарен сум за работите кои ги доживеав таму. На крај, бев среќен и сите секогаш добро ме третираа“ – изјави Силва во интервју за „442“.

Лошиот третман во ПСЖ го приморило Бразилецот уште пред крајот на сезоната да тргне во потрага по нов клуб, но за својот агент Силва имал и посебна задача.

„Му кажав на мојот агент дека може да почне да ми бара клуб, но дека му е забрането да ми каже било што во тој однос пред финалето во Лигата на Шампиони. Утрото пред финалето со Баерн, налетав на претседателот Насер во хотелот, и ми рече дека Ленардо сака да разговара со мене кога ќе се вратиме во Париз. Можев да замислам за што станува збор, но со мислите веќе бев заминат од ПСЖ. Понеделникот по финалето ме побара агентот и ми кажа дека имам понуда од Челси и дека имам неколку дена да одлучам. Ја прифатив веќе следниот ден, пред состанокот со Леонардо. Подоцна тој ме праша дали имам потпишано за некој друг клуб, но тоа прашање не беше најјасно. Реков дека не, но дека веќе дадов збор на Челси, а тоа е повредно од парите“ – додаде дефанзивецот.

Се вчитува...