Напаѓачот на „росонерите“, Златан Ибрахомовиќ ги израдува навивачите на Милан со видео на социјалната мрежа Твитер на кое на тренинг на клубот постигнува погодок со глава, а истото го наслови со „тик ток тик ток“, алудирајќи го неговото враќање на терените.
Tick tock tick tock pic.twitter.com/tCDguTWeDH
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) January 4, 2021
Швеѓанецот е надвор од терените од 22. декември кога на натпреварот против Наполи се здоби со повреда, а и покрај тоа што неговото враќање се очекуваше пред Божиќ и дуелот против Сасуоло, истото се одложи за 15. дена по новата повредата на мускулот.
И покрај желбата на 39-годишниот голгетер за брзо враќање на теренот, тренерот Пиоли по победата над Беневето изјави дека датумот за негово враќање останува непознат.
„Ибра е фокусиран и работи за враќање на теренот, но не знам кога ќе биде спремен“ – изјави тренерот на Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

