Натпреварот од 15. коло во ПМФЛ меѓу Тиквеш и АП Брера во Кавадарци стартуваше со 25 минути задоцнување поради снегот во Тиквешијата.
Поради потребата снегот од теренот на стадионот во Кавадарци да се чисти во последен момент, како би се создале какви-такви услови за натпревар, дуелот меѓу двете екипи мораше да почне со нешто помалку од половина час задоцнување.
Од претходно, пак, веќе беа одложени натпреварите во Струга меѓу Струга ТЛ и Воска Спорт, како и во Кратово, меѓу Силекс и Вардар.

ПМФЛ – 15. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА (13:25 ч.)
ВЧЕРА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 2-2
Велковски 54′, Ѓорѓиев 87′ – Елези 22′, Аганспахиќ 68′
ОДЛОЖЕНИ (утре, 13 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

