Тиквеш без проблеми против Вардар

Кошаркарите на Тиквеш му нанесоа нов пораз на Вардар во плеј-аут фазата во Првата лига на Македонија, откако денеска славеа на гостински терен со 70-83.

Гостите подобро го отворија мечот и веќе по десет минути игра имаа предност од 13-21. Предноста растеше се до крајот на вториот период, по што кавадарчани на полувреме заминаа со двоцифрена предност 27-40.

Во вториот дел Тиквеш само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 70-83. Тодор Златев со 20 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Хусеин Бајрам заврши со 13 поени.

Се вчитува...