Ракометарите на Тиквеш стигнаа до втората победа сезонава во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Е. Пелистер 2 со 17-23 во меч од 6. коло од Суперлигата.
Гостите од Кавадарци подобро го отворија натпреварот па веќе на полувреме имаа солидна предност од пет голови (8-13). Во вториот дел кавадарчани успеаја да ја задржат предноста без проблеми и да стигнат до конечен триумф од 17-23.
Димитар Коцев со четири гола беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа седумте гола на Бен Махфуд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

