Тиквеш до голема победа над Пролет во борбата за плеј-оф во Суперлигата

Ракометарите на Тиквеш стигнаа до голема победа во борбата за плеј-офот во Суперлигата на Македонија, откако вечерва во последниот натпревар од денешната програма од 12. коло славеа на домашен терен против Пролет со 21-18.

Двете екипи во првиот дел одиграа цврсто во одбраната, но слабо во нападот што доведе на полувреме и Тиквеш и Пролет да бидат едноцифрени, по што гостите успеаја да заминат на пауза со предност од 7-9.

Во вториот дел домаќинот одигра далеку подобро во нападот, додека тимот од скопската населба продолжи да се мачи. Пролет повторно имаше едноцифрен број на погодоци, што беше доволно на крајот Тиквеш да стигне до сигурен триумф од 21-18.

Димитар Коцев со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Давор Палевски постигна пет погодоци.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...