Тиквеш до голема победа во Гевгелија

Кошаркарите на Тиквеш ја почнаа сезоната со две победи, исклучително важни во трката за опстанок, особено ако се земе во предвид дека оваа втората беше забележана на гостински терен против Кожув со минимални 78-79. Кавадарчани покажаа карактер, целосно парираа на ривалот што е подобро пласиран од нив на табелата, во неизвесна завршница стигнувајќи до голема победа.

Тиквеш подобро ја заврши првата четвртина добивајќи ја со 18-26, но Кожув ја среди одбраната во вториот период и целосно се врати (23-15), по што на одмор се замина со израмнети 41-41. Се играше „егал“ до самиот крај, а кога Бојчев погоди тројка за Кожув се чинеше дека младиот кошаркар ќе биде херој за домашниот тим. Сепак, тоа не беше случај, откако Парсонс реализираше за гостите, и тоа по прекршок на Вашингтон.

Кошаркарот на Тиквеш потоа го промаши дополнителното слободно фрлање, но Кожув не го реализираше својот последен напад преку Пурвис и овој драматичен дуел заврши со хепиенд за гостите од Кавадарци.

Херојот Парсонс со 23 поени беше најзаслужен за победата на Тиквеш, додека прв стрелец на Кожув беше Вашингтон со 23 поени.

Се вчитува...