Актуелниот освојувач на купот на Македонија, ГФК Тиквеш имаше катастрофална полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
Кавадарчани ги очекува тешка борба за опстанок во пролетниот дел, па затоа веќе почнаа со склопување на тимот.
Тиквеш денеска промовираше две засилувања во имињата на Филип Купанов и Рушту Јонус. Купанов е 22 годишен голман кој се врати во клубот по позајмицата во Брера. Јонус доаѓа од Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА