Екипата на домаќинот Тиквеш е победник на 25-от јубилеен Меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ кој денеска се одржа во Кавадарци.
Оваа година покрај домаќинот учествуваа и екипите на ГФК Вадар Неготино и ФК Тетекс од Тетово. Турнирот се одигра по италијански систем, секој со секого по 45 минути, при што Тиквеш славеше против Вардар Неготино со 5-0 и против Тетекс со 3-0, а Вардар Неготино го победи Тетекс со 2-1.
На крајот, второто место го освои екипата на ГФК Вардар од Неготино и како трето пласирана заврши екипата на ФК Тетекс од Тетово.
За најдобар голман на турнирот е прогласен Стефан Тасев од домашната екипа. За најдобар играч на турнирот е прогласен Данаил Тасев исто така од ГФК Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

