Кавадаречки Тиквеш по ангажманот на новиот тренер Драган Марковиќ-Марка, веќе со засилување на играчкиот кадар во желбата за далеку поамбициозна следна сезона.
Нови ракометари на Тиквеш се левото крило Дарио Кофилоски и десното крило Мартин Димовски, кои денеска се официјално промовирани меѓу кавадарчани.
Кофилоски ракометно потекнува од школата на Металург, а последните три сезони ги мина во тимот на Алкалоид, додека Димовски е дете на Тиквеш и по настапите за Голден Арт и Алкалоид, сега повторно се враќа дома.
Како што е познато, претходно Тиквеш ги продолжи договорите и со трите бека, Манасков, Мијатовиќ и Обина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА